Top Sport

Мората се договорил со Барселона

Фудбалерот на Атлетико Мадрид на позајмица во Јувентус, Алваро Мората, ги договорил личните услови со Барселона. Тој треба да потпише 18-месечен договор со клубот од „Ноу Камп“. За да биде реализирана оваа зделка, Јувентус треба да најде замена за Шпанецот. Најсериозни кандидати се Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг.

Мората, во септември 2020 година, се пресели во Јувентус. Атлетико и Јуве тогаш договорија двегодишна позајмица. Клубот од Торино на „јорганџиите“ им плати 20.000.000 евра.

Тренерот Масимилијано Алегри не е задоволен од формата на шпанскиот репрезентативец и порачал дека клубот нема да го откупи неговиот договор со Атлетико. Мората сезонава има одиграно 23 натпревари, на кои постигнал седум гола.

Scroll to Top