Шпанскиот напаѓач на Челси, Алваро Мората се откажа од дресот со број 9, за од новата сезона да настапува со број 29 во чест на неговите новородени синови, кои се родија на 29 јули.
Ова значи дека Мората, кој дојде на „Стемфорд бриџ“ минатата сезона за 70 милиони фунти ги остава „сините“ без деветка во новата сезона. Во првата сезона тој постигна 15 голови, но беше под постојани критики поради слабите игри и изјавите дека сака да се врати во Италија.
Following the birth of his twins last week, @AlvaroMorata will wear the number 2️⃣9️⃣ shirt for the Blues this season!https://t.co/sXjFms1Cni
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 3, 2018
„Мојата сопруга Алис се породи со близнаците на 29 јули, и тоа е ден кој никогаш нема да го заборавам. Моето семејство е многу важно за мене и сакам да им оддадам почит кога ќе бидам на теренот. Ќе биде посебно да се додаде двојката на деветката. Жал ми е за фановите кои веќе ги купија дресовите со бројот 9, но сигурен сум дека од клубот нема да прават проблеми и ќе ги модифицираат дресовите“, изјави Мората.