Top Sport

Мората: Во Челси ме сметаа за бескорисен фудбалер

На Алваро Мората никогаш не му се допаѓаше во Челси и во Лондон, но откако замина од британската престолнина тој се „отвори“ за чувствата во периодот кога играше во Премиер лигата.

Шпанецот во моментов е на 18-месечна позајмица во Атлетико Мадрид, која следното лето ќе биде трансформирана во постојан трансфер за 58 милиони фунти, и признава дека имал мака со своите соиграчи на „Стемфорд Бриџ“, кои сметале дека тој е бескорисен фудбалер.

„Сега сум многу посреќен. Тоа не беше добар живот во мојот фудбалски живот и престанав да уживам. Понекогаш не верував во самиот себеси. Играв во Англија и се чувствував дека моите соиграчи ме гледаа и знаеја дека не можам да направам ништо добро со топката. Тоа ме полудуваше“, вели 27-годишниот Мората во интервју за шпанското „ЦОПЕ радио“.

Мората дојде во Челси во 2017 за 65 милиони фунти и имаше само 35 старта во Премиер лигата, постигнувајќи 15 гола во 18 месеци во период во кој не успеа да ги импресионира тренерите Антонио Конте и Маурицио Сари.

„По мечевите го кршев телефонот. Доаѓав дома и го удирав од ѕид. Имав пореда на грбот и бев во Германија на третман. Два дена подоцна играв и повторно се повредив. Добивав пораки за поддршка и не можев да изддржам и го скршив телефонот“, додава Мората.

Scroll to Top