Top Sport

Солскјер ги уверува навивачите: Овој клуб секогаш ќе се враќа на врвот

Манчестер јунајтед последната титула од Премиер лигата ја освоија пред (за нив) далечни шест години, но менаџерот Оле Гунар Солскјер инсистира дека клубот наскоро ќе се врати во борба за титулите

Сер Алекс Фергусон во својата последна сезона во 2013 година ја донесе 20. англиска титула за „ѓаволите“, по што највисок пласман беше второто место во 2018 под Жозе Мурињо, но со огромни 19 поени зад шампионот Манчестер сити. Солскјер го замени Мурињо минатиот декември и вети дека ќе го изгради клубот на млади фудбалери, и сезоната им е „променлива“ со седмо место во ПЛ и 4-4-4 скор во првите 12 меча. Ова не го обесхрабрува Норвежанецот.

„Јас сум тивко сигурен. Не се работи за самодоверба или арогантност, или за тоа дека мислам дека мојот пат е вистински. Се работи за тоа во што веруваш. Јас верувам во мојата работа сега исто како кога бев фудбалер. Сега, верувам дека треба да се даде шанса на младите фудбалери. Поминуваме низ тежок период, но ќе бидеме многу подобри. Овој клуб секогаш се враќа на врвот. Сите кои биле во Манчестер јунајтед знаат дека се работи за семејство. Не се работи за его, ниту за мене. Сега имаме група која ќе го даде максимумот. Ќе биде потребно време, но одиме во вистински правец“, вели Солскјер.

Scroll to Top