Top Sport

Мората: За мене и сопругата беше „пекол“ во Челси

Алваро Мората проговори за своите вистински чувства за периодот во кој беше фудбалер на Челси, откако во јануари се врати во Атлетико Мадрид на 18-месечна позајмица, која ќе биде трансформирана во постојан трансфер следното лето.

Шпанскиот репрезентативец вели дека враќањето дома е „крај на кошмарот“ за него и за неговата сопруга Алис Кампело.

„Најдобро би било да кажам нешто убаво за да добијам поени кај навивачите, но вистината е дека јас и моето семејство поминавме навистина лошо во Лондон. Во Шпанија ја вративме нашата среќа. Многумина нема да веруваат, но последните четири-пет лета правевме сѐ да се вратиме во Атлетико. Сега сум многу среќен“, изјавил Мората на спонзорски настан во Мадрид.

Запрашан што точно му недостасувало во Лондон, Мората посочи на проблемите со повредите, но и на здравјето на неговата сопруга.

„Јас морав да добивам многу инјекции во грбот. Не сакам игли, така што секогаш бев нерасположен. Алис пак, не јадеше ништо бидејќи постојано и беше лошо. Двајцата повеќе време поминувавме во кревет. Беше навистина тешко“, вели Мората.

Scroll to Top