Top Sport

СЕХА: Вардар со нова победа над Нексе

Шампионот од СЕХА лигата и носител на европската круна, Вардар стигна до нова победа над хрватскиот Нексе во регионалното натпреварување (27:25) , само 48 часа откако „црвено-црните“ во тежок меч го совладаа Порто во Лигата на шампионите.

Тренерот Давид Писонеро најави дека ќе го ротира тимот, за да ги одмори најдобрите ракометари пред новите предизвици во ЛШ, но на крајот и тој тим беше доволен да се забележи 11-тата победа во 13-тиот меч со Нексе во СЕХА лигата.

Тимур Дибиров повторно беше расположен и постигна 9 гола, додека Кристијан Дисингер уфрли шест. Кај хрватскиот тим Милета и Думенчиќ имаа по 4 гола.

СЕХА ЛИГА

Спартак Москва – Веспрем 23:26 (14:14)

Вардар – Нексе 27:25 (14:14)

Scroll to Top