Легендарниот претседател на Интер, Масимо Морати, по повод 30-годишнината од преземањето на „нероаѕурите“ даде интервју за „Кориере дела сера“. Откеи неколку интересни детали, пред се во врска со трансфер политиката во периодот додека го водеше клубот.
Многу големи ѕвезди дојдоа во Интер во времето на Масимо Морати. Секако, не секоја желба што ја имаше и можеше да ја си ја исполни.
Но, некако сите се во сенка на човекот кој дојде тивко, практично како прво засилување во ерата на Морати, Хавиер Занети, кој потоа стана најголемата легенда на клубот.
„Сакав да ги гледам натпреварите од аргентинската лига со моите деца. Почнавме да ги следиме поради Ариел Ортека. Во тој период гледав еден натпревар на кој играше Занети. Го испратив Суарез (скаут на Интер) во Аргентина за да го погледне одблизу. Ми се јави и ми рече да го купиме. Му реков да биде трпелив, ги разбудив децата и ги пуштив видео снимките од Занети. Потоа му дадов зелено светло“, рече Морати.
Во опширното интервју тој откри дека меѓу големите имиња кои сакал да ги донесе во клубот се и легендарниот двоец на Барселона, Андрес Иниеста и Лионел Меси.
„Сакавме да го донесеме Меси кога беше тинејџер. Но, кога Барселона вети дека ќе ги покрие трошоците за лекување, сфативме дека немаме шанси и се откажавме. Пробавме се за Иниеста, секој дипломатски напор, подготвивме луда понуда. Но немавме шанси.
Морати откри дека во еден момент, среде финансиски тешкотии, Рома му го понудила на Интер, Франческо Тоти.
„Беа полни со долгови и толку очајни што плачејќи го понудија Тоти. Но, знаевме дека Тоти повеќе би сакал да остане во Рим и решивме да го оставиме на мира. Сепак во прашање беа љубовта и сентименталноста“.