Top Sport

Морати: Интер нема да може да го задржи Лаутаро

Поранешниот претседател на Интер Масимо Морати рекол дека клубот нема да може да го задржи Лаутаро Мартинез доколку фудбалерот побара да замине. Неколку месеци медиумите шпекулираат дека Аргентинецот ова лето ќе се пресели во Барселона.

Лаутаро во договорот има клаузула според која во периодот од 1 до 15 јули може да го напушти клубот доколку заинтересираната страна плати 111 милиони евра.

Наводно и Лаутаро и Барселона имале желба трансферот да биде реализиран, проблемот е што Каталонците немаат толку кеш. На сите начини се обидуваат да да го реализирата трансферот по принципот еден играч и одредена сума на пари.

„Не можете да задржите некого доколку тој сака да биде на некое друго место“, рекол Морати и дополнил.

„Доколку остане ќе биде во неповолна положба. Против своја волја би останал во Интер“.

Scroll to Top