Top Sport

Уште еден играч на Ајакс се сели во Челси

Хаким Зијеш од наредната сезона ќе го носи дресот на челси, а можно е на „Стенфорд Бриџ“ да му се придружи соиграчот од Ајакс Николас Таљафико.

Аргентинецот наводно ги договорил сите детали со клубот. Дека трансферот е пред реализација потврдија и медиумите од Холандија. Според нив Челси на Ајакс ќе им плати 30 милиони евра (26 милиони се фиксни, а останатите четири милиони се во потенцијални бонуси).

Спортскиот директор на Ајакс Едвин ван дер Сар рекол дека клубот нема да му биде пречка на Таљафико доколку тој сака да замине од Амстердам.

Минатата сезона левиот бек за Ајакс одигра 24 натпревари во првенството, постигнал три гола и забележал четири асистенции.

Scroll to Top