Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати смета дека Антонио Конте може да го врати скудетото кај Интер доколку „нераѕурите“ се решат да го отпуштат Симоне Инзаги.
Конте доби отказ од Тотенхем во неделата навечер, по што почнаа шпекулациите каде тој би ја продолжил кариерата, откако се врати дома во Торино, каде што живее со неговото семејство. Конте им го донесе скудетото на Интер во 2020/21, но си замина неколку недели подоцна несогласувајќи се со одлуката да се продаде Ромелу Лукаку на Челси и Ашраф Хакими на Пари Сен-Жермен.
„Ако сакате да ја освоите титулата, тогаш Антонио е најверојатно најпогодниот тренер за таква цел во Италија. Не сум имал шанси да зборувам со директорот Бепе Марота, така што не знам каков е планот на Интер“, вели Морати.