Top Sport

Медведев го стопираше Јубанкс за полуфинале во Мајами

Данил Медведев се пласираше во петто последователно полуфинале на АТП турнејата, откако ја стопираше фантастичната серија на Американецот Кристофер Јубанкс со 6:3/7:5 победа на Мајами опен. Следен противник на Русинот ќе биде или неговиот сонароник Карен Хачанов или Франциско Керундоло.

Медведев, кој е четврт носител во Мајами, има 22 победи во последните 23 меч, серија во која освои титули во Ротердам, Доха и Дубаи пред да загуби во финалето во Индијан Велс од Карлос Алкараз. 26-годишниот Американец Јубанкс, пак, е релативно анонимен тенисер кој успеа да влезе до четврт-финалето откако играше квалификции, а потоа ги елиминираше и Денис Кудла, Борна Чориќ, Грегоар Барер и Адријан Манарино.

Русинот доминираше во мечот, со 9 аса и 27 директни победнички топки во меч кој траеше 1 час и 29 минути.

Scroll to Top