Top Sport

Морати: Згрешив што се сомневав во Лукаку

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати признава дека „згрешил“ што се сомневал во Ромелу Лукаку, и во исто време открива дека неговиот поранешен клуб дава сè да го донесе Лионел Меси во Милано.

Морати претходно го критикуваше Интер што плати 74 милиони евра за Лукаку на Манчестер јунајтед, сметајќи дека Мауро Икарди е многу подобар напаѓач. Сега, по една одлична сезона за Белгиецот, Морати признава дека згрешил.

„Згрешив со Лукаку, и искрено мислев дека се работи за фудбалер што е само физички силен и дека ќе зажалиме што се простивме со Икарди. Но, Ромелу е шампион, секогаш помага на своите соиграчи и има одлична визија. Антонио Конте беше во право и со него сме посилен тим“, вели Морати.

Морати беше познат по обидот да го донесе Меси од Барселона, а истите шпекулации се зголемија последниот месец откако Аргентинецот и неговиот татко купија недвижнини во Милано.

„Сега сум само обичен навивач на Интер, така што немам инсајдерски информации. Но, јасно е дека Сунинг прават сè што можат да го донесат Меси во Милано“, додава Морати.

Морати: Што прават Интер, Икарди е многу подобар од Лукаку и Џеко

Scroll to Top