Top Sport

Обложувач пропуштил 250.000 евра поради Атлетико

Еден обложувач сигурно чувствува поголема болка за испаѓањето на Атлетико Мадрид од РБ Лајпциг дури и од Диего Симеоне, откако 2:1 победата на бундеслигашот го остави без речиси 250.000 евра.

На споделеното ливче на Твитер, се бара „минута молк“ за момчето кое било разочарано од Атлетико Мадрид за добивка од 249.553,58 евра!

Ова не е прв ваков случај оваа недела. Друг обложувач загуби 230.000 долари откако ПСЖ се врати од „мртвите“ за 2:1 победа над Аталанта.

Тежок е животот обложувачки…

Scroll to Top