Top Sport

Морбидни закани до Ди Марија: Не оставаме пораки, оставаме трупови

Анхел Ди Марија (36) и неговото семејство добиле морбидни закани откако фудбалерот откри дека сака кариерата да ја заврши онаму каде што ја започна, во Росарио Централ.

„Кажете му на вашиот син Анхел да не помисли да се врати во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуљаро нема да ве спаси“, беше една од пораките упатени до таткото на Ди Марија.

Инаку, Максимилијано Пуљаро е гувернер на провинцијата Санта Фе, чии главен град е Росарио.

„Не оставаме пораки зад себе. Зад нас остануваат куршуми и трупови“, е една од анонимните порака упатена до семејството Ди Марија, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Ди Марија летово се врати во Бенфика по една сезона во Јувентус и потпиша едногодишен договор. Тој игра маестрално, има 15 гола и 11 асистенции сезонава, но се уште е отворено прашање дали по 1 јули ќе го носи дресот на португалскиот великан.

Scroll to Top