Top Sport

Морбидно „добредојде“ за Гризман

Тер Штеген и Лионел Меси синоќа и ја обезбедија победата на Барселона во Мадрид против Атлетико (1:0). Сепак во центарот на вниманието на овој меч беше Антоан Гризман.

Францускиот репрезентативец одигра просечен натпревар, меѓутоа како поранешен играч на Атлетико беше навредуван во текот на целиот меч.

Пред стадионот на плочата што ја има добиено од клубот навивачите на Атлетико фрлале глувци и ѓубре, а на стадионот Гризман беше пречекан со брутална порака: „Сакаше да имаш име, а заборави да бидеш човек“.

На крајот навивачите чии идол беше до пред неколку месеци му порачале „да умре“.

Scroll to Top