Top Sport

Фетел: Не сум заборавил да возам

Вчера заврши сезоната во Формула 1. Титулата ја одбрани Луис Хамилтон, неговиот колега Валтери Ботас заврши како втор во генералниот пласман, а Мерцедес ја освоија титулата во конкуренција на конструкторите. За разлика од Мерцедес уште една разочарувачка сезона имаа нивните колеги од Ферари.

Себастијан Фетел сезоната ја заврши на петтото место, што е негов најлош пласман од 2014 година. Сезоната на Германецот беше обележана со грешки и со ривалството со тимскиот колега Шарл Леклер.

„Направив неколку грешки што не смеев да ги направам. Не е ова нуклеарна физика, секогаш се работи за ситни детали. не мора да го менувам стилот на возење, знам како треба да возам. Мислам дека не беше толку лошо како што изгледа. Неколку грешки направија широката слика да не изгледа добро“, рекол Фетел.

„Морам да направам чекор напред наредната сезона. Се надевам дека тимот ќе подготви добар пакет за да можеме да се бориме со Мерцедес.

Себастијан Фетел во кариерата има забележано 53 победи.

Scroll to Top