Top Sport

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не чека вистинскиот тест, дуелот со фаворитите Полска во квалификациите за Евро 2020.

По двете победи во низа (Летонија и Словенија), расположението кај репрезентативците и кај навивачите се крена и сега се чека на позитивен резултат против Полјаците за да се заддржат шансите за пласман на континенталниот шампионат.

Аријан Адеми и Иван Тричковски не тренираа поради повреди и се под голем знак прашалник за настап во утрешниот натпревар. Алиоски кој вчера не тренираше, денеска работеше со тимот и најверојатно ќе биде спремен за игра.

Scroll to Top