Top Sport

Моријасу го продолжи договорот со ЈФА

Јапонскиот селектор Хајиме Моријасу го продолжи договорот до Светското првенство во 2026 година, соопшти Јапонската фудбалска асоцијација (ЈФА). Така Моријасу стана првиот селектор на Јапонија во историјата кој го задржал своето место по Светското првенство.

„Тоа е работа што ме исполнува. Тоа е работа што ми дава можност да се натпреварувам на меѓународна сцена, горд што сум Јапонец. Затоа ја прифатив понудата на ЈФА“, изјави 54.годишниот Моријасу.

Поранешниот јапонски репрезентативец (1992-1996) ја презеде селекторската функција по Светското првенство во Русија во 2018 година, каде што беше помошник тренер.

Во Катар „сините самураи“ не успеаја да ја остварат целта, а тоа беше да се пласираат во четвртфиналето до кое Јапонија никогаш во историјата не стигнала.

Сепак, селекцијата на Јапонија направи чудо во групата, со ист резултат 2:1 ги победи Германија и Шпанија. Јапонија групната фаза ја заврши на првото место, а во осминафиналето загуби од Хрватска по изведувањето пенали.

Scroll to Top