Top Sport

Мота: Татко му на Меси ми врескаше за острите стартови

Малку е да се каже дека Тијаго Мота не уживаше во времето во Барселона, посебно кога се работеше за соработката со Лионел Меси.

Бразилецот, кој дебитираше со Барселона Б во 2000 година беше член на првиот тим до 2007 година, играјќи со тогаш младите таленти Меси и Андрес Иниеста.

„Влегов остро на Меси на тренинг и неговиот татко потоа ми врескаше. Велеше дека го удрив пресилно, но тоа беше единствениот начин да го сопрам. Тренингот беше вистинска војна. Ќе ја допрев топката и сите врескаа да им додадам. Стартовите беа многу остри, но Карлес Пујол ми советуваше да го правам истото како и тој и така добив почит на теренот“, вели Мота во интервју за „Газета дело спорт“.

Мота, кој сега игра во Пари Сен-Жермен, сепак, признава дека најголемите проблеми не биле со соиграчите.

„Не беше лесно  да се биде далеку од дома и затоа честопати се јавував во Бразил. Бев цимер со Виктор Валдес, кој постојано зборуваше на мобилен телефон и не можев да спијам. Луис ван Гал беше престрог тренер, ни врескаше ако маичката не ни е во шорцевите, и ни забрануваше да тренираме. Тоа беше сезоната кога Иниеста влезе во првиот тим, и дури и на 14 години се гледаше дека е нешто посебно и дека не се плаши од никого“, додава Мота.

Scroll to Top