Top Sport

Батаљин ја доби италијанската битка за петтата етапа (видео)

Италијанецот Енрико Батаљин го совлада својот сонародник Џовани Висконти во бурен спринтерски финиш на петтата етапа на Џиро Д’Италија по 153 километри од Агриџенто до Санта Нинфа на Сицилија.

Австралиецот Роан Денис заврши во главната група за да ја задржи лидерската розева маичка, пред првиот голем предизвик на Џирото, искачувањето на Етна во четврток.

28-годишниот Батаљин (Лото-Џамбо), во вторникот беше трет, но денеска беше супериорен за да ја оствари својата трета етапна победа во кариерата на Џирото, не дозволувајќи му на локалното момче Висконти да има славна победа.

Етапата на јужниот брег на Сицилија беше мирна сѐ до финишот, кога Батаљин и Висконти (Бахреин Мерида) се судрија со Жозе Гонсалвес (Катјуша-Алпесин) и Германецот Макс Шахман (Квик-Степ).

По падот во последните пет километри, Колумбиецот Мигуел Анхел Лопез (Астана) загуби уште повеќе време, додека актуелниот шампион од Тур де Франс и Вуелта Еспања, Крис Фрум (Скај) иако повторно имаше проблеми со формата, остана во главната група.

Scroll to Top