Aнтоан Гризман по вторпат ќе стане татко. Францускиот ас на Атлетико Мадрид одбра необичен начин да го објави полот на второто дете со неговата сопруга Ерика.
Напаѓачот постави топка пред платформа со знаци во сино (за момче) и розево (за девојче), и кога со топката ја погоди целта, полетаа сините балони, а таткото ги крена рацете во знак на триумф.
Гризман веќе има една ќеркичка со Ерика, двегодишната Миа.