Top Sport

Ракитиќ морал да се откаже од паста, пиво и чоколади

Иван Ракитиќ, неочекувано, оваа сезона е фудбалерот со најмногу минути во Ла лига, и ѕвездата на Барселона уште повеќе импресионира и со бројот на поминатите километри во секој натпревар. И тоа откако дозна дека има целијакија, односно неговото тело е алергично на глутен.

Хрватот, по фантастичниот настап за својата репрезентација во Русија, во ретко кој натпревар оваа сезона има под 10 истрчани километри, а за својата одлична физичка подготвеност може да се заблагодари на новиот начин на исхрана од почетокот на минатата сезона.

Поради целијакијата, Ракитиќ мораше од својата исхрана да ја исфрли пастата, лебот и благото, а исто така не смее да пие ниту пиво. Тој вели дека откако дознал, ослабел два килограми.

„Мојата диета ми помага многу, и сега се чувствувам полесен на тренингот и во подготовките за мечевите. Исто така опоравувањето е многу полесно“, вели Хрватот.

Досега, Ракитиќ има одиграно неверојатни 47 меча оваа календарска година. Да се потсетиме и каков гол им даде на Тотенхем!

Scroll to Top