Претседателот на Каљари на уникатен начин го објави продолжувањето на договорот со ветеранот Лука Чигарини, објавувајќи ја нивната дискусија на Ватсап.
Договорот на 32-годишниот Чигарини завршуваше на крајот на јуни, откако тој дојде во клуботво 2017 година и лани беше постојан првотимец со 28 настапи. Претседателот Томасо Џулини преку Твитер објави како точно течеле преговорите.
„Имаме ли договор“, прашува Џулини.
„Да, имаме“, одговара Чигарини.
„Голем Чига, со тебе сме во добри раце, или би требало да кажам нозе“, додава Џулини.
„Фала претседателе, поставивме темели“, додава Чигарини.
„Те чекам утре за потписот“, завршува претседателот.
Deal done ?? pic.twitter.com/xpE1MlVrHt
— Tommaso Giulini (@tommasogiulini) June 11, 2019