Top Sport

Поради „местенките“, Џирона бара да биде вратена во Ла лига

По извештаите за наводните „местенки“ на мечот од последното коло во Ла лига на Реал Валјадолид, каталонскиот клуб Џирона побара истрага и враќање во првата лига додека не се разјаснат условите под кои се одигра последното коло.

Џирона беше на 18. место на табелата и испадна во втора лига, но Реал Валјадолид може да добие казна од шест поени доколку се докаже дека фудбалерите на Валјадолид го „продале“ мечот од последното коло против Валенсија. Валјадолид заврши само 4 поени пред Џирона.

Според „Ел мундо депортиво“, Џирона официјално побарале Ла лига 2019/20 да се игра со 21 клуб, нешто на што тешко ќе се согласат првите луѓе на шпанската лига.

Скандал ја тресе Шпанија – снимките докажуваат дека имало „местенка“ Валјадолид-Валенсија

Scroll to Top