Додека Кристијано Роналдо се обидува (и не му успева) да го „крене“ Јувентус на табелата во Серија А, неговата партнерка Георгина Родригез безмилосно ја освојува Италија со своите ангажмани.
Последниот е насловната страница на магазинот „Спортвик“ на славната „Ла газета дело спорт“, каде што се појави во долна облека, насловна која на нејзината Инстаграм страница собра над 1.4 милиони лајкови за неполни 24 часа.
Георгина, покрај тоа што се пожали дека кога Кристијано е дома не можат да се „најадат како луѓе“ поради неговиот режим на исхрана, ги одгледува петте деца на Кристијано и е полна со ангажмани како модел.