Со голот на Николас Сансоне во 81. минута Болоња го победи Интер (2:1). Напаѓачот на Болоња ја искористи неверојатната грешка на голманот Раду му ја обезбеди победата на својот тим и го доближи Милан до шампионската титула.
Сансоне, имаше што да им порача на челниците на Милан по завршувањето на натпреварот.
За „Сакај спорт Италија“, фудбалерот рече дека отсекогаш бил навивач на Милан.
„Се надевам дека директорот Паоло Малдини или некој друг во Милан го гледал натпреварот. Можеби ќе ми се заблагодарат со позајмица за да можам да играм во Лигата на шампионите“, изјави Сансоне.
Милан, во последните четири колоа во Серија А влегува со два бода повеќе од градскиот ривал Интер.