Со натпреварот меѓу Германија и Шкотска, во петок ќе започне Европското првенство во фудбал.
Шкотите се аутсајдер против домаќинот на турнирот, но Луис Морган денеска изјави дека неговиот тим може да ја изненади Германија.
„Апсолутно, во фудбалот се случувале и почудни работи“, изјави Морган и дополни.
„Имаме многу, многу талентиран тим, добра група на фудбалери кои играат на највисоко ниво. Нема причина да не се надеваме дека можеме да изненадиме. Тоа можеме да го направиме само ако дадеме се од себе и ако се држиме до планот за игра“.
Фудбалерот на Њујорк Ред Бул се врати во шкотската репрезентација по пауза од шест години.