Конфузијата околу враќањето на фудбалот во Италија продолжува. Познато е дека клубовите од Серија А се договорија сезоната да започне на 13 јуни, додека владата ги забрани сите активности до 14 јуни.
На оваа тема ќе се разговара за шест дена со министерот за спорт Габриеле Гравина. На состанокот ќе се разговара и за можниот штрајк на фудбалерите. Играчите се заканиле со штрајк бидејќи клубовите доцнеле со исплата на платите.
Сепак главна тема на состанокот ќе биде одредување на новиот формат. Гравина рекол дека желбата на владата е првенството да продолжи доколку тоа го дозволат медицинските услови.
„Ла република“ тврди дека доколку Серија А не може да продолжи според стандардниот формат, тогаш ќе се игра плеј-оф за титулата.
Во плеј-офот би влегле екипите кои се пласирани од првото до шестото место. Јувентус и Лацио директно би оделе во полу-финалето, додека во четврт-финалето би се сретнале Наполи-Интер и Аталанта-Рома.
Јувентус во полу-финалето би играл со победникот од дуелот Наполи-Интер, а Лацио во оваа фаза за противник би го добил тимот од Бергамо или градскиот ривал.
Победниците во полу-финалето потоа би играле финале за титулата.