Top Sport

Шилегов за ТВ 21: Самсоненко треба да го подмири долгот после може да го врати Вардар

Неизвесноста околу иднината на најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе потрае уште некое време. Минатата недела Сергеј Самсоненко, во чија сопственост беше шест години, со писмо до јавноста објави дека Вардар му го враќа на град Скопје.

На оваа тема, синоќа гостувајќи на телевизијата „ТВ 21“, говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Она што ние го знаеме е дека Вардар должи повеќе од два милиони евра. Познато е дека Вардар може да му биде вратен на град Скопје само со нула долгови. Сергеј Самсоненко без долгови го презеде клубот од градот пред шест години“, рекол меѓу другото Шилегов.

Вардар во најскоро време мора да ги среди долговите доколку сака да игра во квалификациите за Лигата на шампионите, во споритивно клубот од ФФМ нема да добие лиценца.

Црвено-црните се на чекор до освојувањето на шампионската титула, на табелата имаат десет поени повеќе од Силекс.

Scroll to Top