Top Sport

Можно сценарио во Серија А – сите преостанати мечеви во Рим!

Според италијанскиот весник „Ла република“, една од сериозните опции за завршувањето на шампионатот во Серија А е сите натпревари да се оддржат во престолнината Рим, каде што има помалку заразени од корона вирусот.

Весникот тврди дека сите 20 тима би биле „заддржани“ во областа на Рим, каде што би се играле натпреварите и би се ограничило движењето и контактот со луѓе надвор од клубот. Така полесно би се вршело регуларното тестирање на фудбалерите, додека новинарите не би имале пристап до мечевите.

Фудбалот во „карантин“  би траел 45 дена, доволно за фудбалерите да се вратат во форма по долгата пауза. Во областа Лацио има неколку погодни стадиони за ваква опција – „Олимпико“, „Фламинио“ и „Стирпе“, стадионот на Фросиноне.

Северот на Италија, а пред сè Ломбардија, се најсилно погодени од пандемијата на корона вирусот, но Рим и југот на Италија се релативно безбедни во текот на целиот хаос.

Scroll to Top