Top Sport

ФИФА: договорите на фудбалерите се продолжуваат, преодниот рок се поместува

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека поради пандемијата на корона вирусот се прават големи промени во договорите на фудбалерите кои завршуваат ова лето, но и во летниот преоден рок.

Во консултација со светските лиги, Советот на ФИФА едногласно ги усвои промените со кои сака да се донесе јасна визија за иднината во ова неизвесно време, но со мотото „здравјето пред фудбалот“.

Договорите кои истекуваат на крајот на нормалната сезона, односно на 30 јуни,  се продолжуваат до фактичкото завршување на шампионатот за да е сочува „спортскиот интегритет“, а ова исто така ќе важи за договорите кои се потпишани од следната сезона, кои ќе бидат важечки кога ќе почне наредната сезона.

Летниот преоден рок исто така ќе биде „флексибилен“ и ФИФА ќе дозволи преодниот рок да биде утврден меѓу крајот на сегашната сезона и стартот на следната сезона

Покрај тоа ФИФА ги предупреди сите клубови да не носат еднострани одлуки околу намалувањето на платите и прекинувањето на договорите поради корона вирусот и недостатокот на приходи, зазканувајќи се дека по крајот на кризата ќе се утврди кој ги прекршил овие правила.

Scroll to Top