Серхио Рамос, со неговата (не)намерно груба игра повторно е во центарот на вниманието, во фудбалската јавност.
Капитенот на Реал Мадрид, синоќа во Плзен, во 15.минита брутално стартуваше врз противничкиот фудбалер Милан Хавел. Рамос имаше среќа бидејќи судијата Ајтекин не го забележа моментот кога во еден дуел, тој му го скрши носот на Хавел.
Играчот на Викторија, како последица на тој старт натпреварот го заврши во 38.минута.
„Разговарав со него и му испратив порака. Се надевам дека ќе биде добро. Тука имаше контакт, но немав намера да го повредам. Носото е кршлив“, рекол по мечот Рамос, а потоа се огласил и на „Твитер“.
„Не требаше да влезам толку силно во тој дуел. Милан, немав намера да те повредам“.
Реал со 5:0 ја победи Викторија во Плзен, во рамките на четвртото коло, во Лигата на шампионите.
A victory to build on and also to learn from. Football always teaches you things and tonight I shouldn't have gone into the challenge like that. Milan, it wasn't my intention to injure you. Get well soon ?? #HalaMadrid https://t.co/NZcWRAwI0x
— Sergio Ramos (@SergioRamos) November 8, 2018