Top Sport

Му ја намалија платата, ама и останува верен на „Старата дама“

Стоперот на Јувентус, искусниот Џорџо Кјелини (36) ќе добие нов едногодишен договор од својот клуб, објави „Кориере дело Спорт“.

Информаците од Италија се дека Кјелини прифатил да игра за помала плата.

Неговиот претходен договор истече уште додека тој со „Азурите“ беше во походот кон европската титула, но сега тој јасно става до знаење дека нема намера да ја промени средината.

Иако е во поодминати години (за фудбалски услови) сепак на ЕУРО 2020 покажа дека се уште е корисен во одбраната.

Досега во кариерата има освоено 9 титули во Серија А, 5 трофеи во Купот на Италија, а за националниот тим настапил на 112 меча и има ефект од 8 гола.

Scroll to Top