Top Sport

Му нема рамен на Де Брујне во Премиер лигата

Кевин де Брујне ја игра најдобрата сезона во кариерата. Белгиецот е движечката сила на Манчестер сити, кој е лидер во Премиер лигата со скор од 17 победи и едно реми.

Манчестер сити на челната позиција има 11 бода повеќе од градскиот ривал Јунајтед и со голема веројатност уште по првиот дел од сезоната ја има обезбедено шампионската титула.

Де Брујне е еден од најзаслужните ако не и најзаслужен за ваквите резултати. Сити е првиот тим во Англија по Вулверхемптон во 1953 година, кој до Божик ги победил Ливерпул (5:0), Челси (1:0), Арсенал (3:1), Манчестер јунајтед (2:1) и Тотенхем (4:1).

На сите овие натпревари за играч на натпреварот е прогласуван Кевин де Брујне.

Сезонава Белгиецот ги има одиграно сите 18 натпревари во Премиер лигата, постигнал шест гола и запишал осум асистенции. Во Лигата на шампионите, каде што Сити ќе игра во осмина-финалето против Базел, има учинок од еден гол и пет асистенции.

Scroll to Top