Top Sport

Џастин Гетлин вмешан во нов допинг скандал

Џастин Гетлин се наоѓа во центарот на вниманието на нов допинг скандал, откако Анти-допинг агенцијата на САД (УСАДА) отвори истрага за трката на 100 метри на Светсктоо првенство. Истрагата е отворена по истрашувачката сторија на „Дејли телеграф“.

Новинаите на „Дејли телеграф“ тајно ги снимиле тренерот и менаџерот на Гетлин, Денис Мичел и Роберт Вагнер, во кој тие разговаарат за допингот, но и за тоа као да дојдат до забранети супстанци.

Гетлин му врачи отказ на Мичел, но УСАДА покрена истрага за да ги испита сите наводи и случувања во тимот на светскиот шампион на 100 метри.

Новинарите на „Дејли телеграф“ се преставиле како луѓе од филмската индустрија кои барале човек со чија помош актер би достигнал физичка форма на спринтер. Мичел и Вагнер им понудиле да им мабават тестостерон и хормон на човечки раст за актерто во филмот да може да изгледа како вистински спринтер. Производите требало да ги набави доктор од Австрија за околу 250.000 долари.

Во тектот на „Дејли телеграф“ стои:

„Некогашниот олимписки шампион, тренерот Денис Мичел и менаџерот Роберт Вагнер се снимени како тврдат дека употребата на недозвоелни сретства во атлетиката и понатаму е многу застапена, но и опишаа како може успешно да се избегне позитивен резултат на допинг тест. На еден од состаноците менаџерот тврдеше дека Гетлин ги подобрил своите настапи користејќи лекови, но спринтерот во своите изјави тоа го демантира“.

Покрај Гетлин пишувањето на „Дејли телеграф“ го негираа и тренерот Мичел, односно менаџерот Вагнер.

Сторијата можеби ќе добиеше поинаков тек доколу Гетлин веќе нема „одлежано“ две суспензии поради употреба на недозволени супстанци. Американецот во 2001 година доби едногодишна суспензија, а во 2006 година откако падна на допинг тестот беше суспендиран на четири години.

„Не користам и никогаш не сум користел допинг. Шокиран сум и непријатно изненадан од сознанието дека мојот тренер имал било каква поврзаност со нешто такво. Му врачи отказ во истиот момент кога го дознав ова. Сите опции на правна заштита се отворени, бидејќи нема да дозволам вакви лаги да излегуваат во јавноста. Немам понатамошни коментари, ова сега е работа на истрагата. Може да ви се обрати само мојот адвокат“, напишал Гетлин на „Инстаграм“.

Гетлин минатото лето на Светското првенство во Лондон го победи Усеин Болт на трката на 100 метри и го освои златнот медал. Таа трка беше последна во кариерата за легендарниот Болт.

Scroll to Top