Некои луѓе едноставно го обожаваат Лионел Меси. Ова најдобро се гледа во случајот на аргентинскиот фудбалер Ернан Ламберти и неговата најнова тетоважа.
Фудбалерот на Платенсе има ист бербер со ѕвездата на Барселона и го искористи тоа преку него да му прати подарок – дрес од клубот Алдосиви, каде што играше од 2012 до 2016 година. Меси го доби подарокот и се пофали со фотографија со дресот, а Ламберти беше толку импресиониран што реши тоа да го истетовира на ногата.
Меси потоа сподели фотографија на која дресот на Ламберти е во неговиот личен „музеј“ на дресови со дресови од фудбалери како Раул, Луис Суарез, Серхио Агуеро и Франческо Тоти.