Top Sport

Селекторот на Белгија: Азар може да го пропушти ЕУРО 2020

По три месечна пауза и 20 пропуштени натпревари Еден Азар се врати во тимот на Реал и повторно се повреди. Реал на гостувањето кај Левате го запиша вториот пораз во Ла Лига и остана без Азар.

Белгиецот со болна гримаса на лицето го напушти теренот откако неколку минути претходно, при резултат 0:0, не реализира „мртва шанса“.

Клубот неколку часа по мечот објави дека Азар имал мала фрактура на фубулата на десната нога, што значи дека ќе пропушти две важни средби, во среда против Манчестер сити во осмина-финалето во Лигата на шампионте и в сабота против Барселона во Ла Лига.

Сепак се чини дека повредата е многу сериозна, барем така тврди селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Тој за специјализираниот фудбалски поратал „Goal.com“, изјавил дека е сигурен дека Азар нема да игра до крајот на сезоната и дека е под знак прашалник неговиот настап на ЕУРО 2020.

Еден Азар е капитен и еден од клучните играчи на Белгија, репрезентација која се наоѓа во најтесниот круг на кандидати за освојување на титулата.

Scroll to Top