Top Sport

Мудрик дебитираше за Челси, без голови на „Енфилд“

Во ситуација во која на двата клуба очајно им се потребни поени, Ливерпул и Челси одиграа само 0:0 на „Енфилд“ во дербито на 21. коло на Премиерлигата, оставајќи ги двата клуба на 29 поени на осмото (Ливерпул) и десеттото (Челси) место на табелата со различна гол-разлика.

Во 1.000-тиот меч на Јирген Клоп како фудбалски тренер, тој се реши да го остави својот напаѓач од 100 милиони евра, Дарвин Нуњез на клупата, а на другата страна Греем Потер, исто така реши да го остави своето свежо засилување од 100 милиони евра, Михајло Мудрик, исто така на клупата. Челси почнаа подобро, и веќе во третата минута ја затресоа мрежата на Алисон, но судијата Мајкл Оливер по консултација со ВАР-системот го поништи голот на Каи Хаверц поради офсајд позиција во која се најде по додавањето од Тијаго Силва.

Притисокот на Челси траеше во текот на целото прво полувреме, но со малку вистински шанси пред голот на Ливерпул, пред на почетокот на второто, тежината на игра да се префрли на половината на Челси. Но, и тука Ливерпул немаше стоотстотни шанси. Нуњез и Мудрик на крајот добија шанса да влезат во игра, и украинското засилување на Челси покажа повеќе од својот талент со неколку интересни потези.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top