Михајло Мудрик вели дека ужива во притисокот кој го има како нов фудбалер на Челси и покрај тоа што многумина сметаат дека е „лузер“ од 100 милиони евра.
За 22-годишниот украински репрезентативец беа заинтересирани повеќе премиерлигашки клубови, пред Челси да плати голема сума на Шахтјор Доњецк за нговиот трансфер. Оттогаш, тој не успеа да ги воодушеви фановите, со само една асистенција и без гол во седум настапи. И покрај ова Мудрик вели дека ќе ги замолчи тие кои не веруваат во него.
„Да, има многу притисок и очекувања во Челси, но тоа не е првпат за мене. Ми се допаѓа тој притисок бидејќи еден ден ќе го убедам тој што вели дека сум лузер дека сум вистински победник. Ќе покаже времето. Сакам да играм како деветка, бидејќи е многу полесно да се дојдед до топката. Понекогаш е добро да играм на таа позиција, понекогаш на крилото. Тоа го одлучува тренерот“, вели Мудрик за „Скај спортс“.