Top Sport

Мудрик шокиран – Шахтјор бара оштета од 100 милиони евра

Микхајло Мудрик е најголемиот талент на украинскиот фудбал. Интерсот за него не го кријат врвните европски клубови, а се шпекулира дека Арсенал ќе се обиде да го донесе во Лондон, во зимскиот преоден рок.

Арсенал, доколку сака да го реализира трансферот на Мудрик, ќе мора да го урне клупскиот рекорд. Имено, Шахтјор за талентираниот фудбалер бара 100.000.000 евра.

Откако Шахтјор објави кза која сума ќе му дозволи на Мудрик да го напушти клубот се огласи и фудбалерот.

„Кога дознав колку пари сакаат за мене, не бев изненаден, бев шокиран. Имам договор на неколку години овде, давам се од себе. Секој сонува игра во најголемите клубови во светот и во најсилните првенства во светот. Јас не сум исклучок“, рече Мудрик и продолжи:

„Сигурен сум дека никој нема да купи играч од оваа лига за 100 милиони евра. Нема да кријам дека сум многу вознемирен поради сето тоа. Тоа е премногу. Нема да кажам дека моите соништа се уништени, но сега се е разнишао“, заклучи Мудрик.

Останува да видиме дали Шахтјор ќе му излезе во пресрет на својот фудбалер и ќе ја намали сумата што ја бара за него.

Scroll to Top