Скапото засилување на Челси, Украинецот Михајло Мудрик ја сфаќа нервозата и разочараноста на навивачите на „сините“, но бара време да го покаже својот потенцијал под новиот менаџер Маурисио Почетино, велејќи дека не покажал ниту „20 отсто“ од тоа што го може.
21-годишниот Мудрик пристигна од Шахтјор Доњецк во јануари за околу 100 милиони евра, но не успеа да постигне гол во 17 настапи за клубот, пред да стрела во саботата при 4:3 победата над Брајтон во пријателски меч во Филаделфија.
„Ова не е мојот целосен потенцијал. Само на 20 отсто сум. Се чувствувам добро бидејќи е одлично да се игра под нашиот менаџер Почетино и градиме нов тим. Првите шест месеци беа за учење и научив како да бидам трпелив“, вели Мудрик.