Top Sport

Јокиќ не е на списокот на Србија за Мундијалот бидејќи се „потрошил“

Српскиот селектор, Светислав Пешиќ потврди дека НБА мега-ѕвездата Никола Јокиќ нема да биде дел од неговиот состав за Светското првенство во кошарка бидејќи се чувствувал „потрошено“ и не бил подготвен да ја преземе одговорноста.

Србија исто така ќе биде и без новиот кошаркар на Оклахома Сити тандер, Василије Мициќ за шампионатот кој почнува на 25 август на Филипините, во Јапонија и Индонезија.

„Со Јокиќ се направени неколку разговори. Тој се ‘истроши’ и не е подготвен да ја преземе одговорноста која од него се очекува. Мициќ исто така не замоли да прескокне оваа година бидејќи имаше тешка сезона со многу повреди. Момците кои ги прифатија поканите ќе ја искористат својата шанса. Знам дека навивачите се разочарани, но нема никакво откривање тајни. Ова е вистината. Со сите кошаркари е разговарано, а секогаш имало повлекувања“, изјави Пешиќ.

Scroll to Top