Пари Сен Жермен и Лајпциг се договорија за трансфер на дефанзивецот Норди Мукиеле (24), објави денеска Франс прес. Сепак, двете страни се одлучија за класичен трансфер, а не за позајмица со со задолжителен откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Мукиеле во кариерата настапуваше и за Лавал и Монпелје, а во германскиот тим се пресели во 2018 година.
Во септември минатата година тој дебитираше за француската репрезентација. Тој ќе биде трето засилување на ПСЖ во летниот преоден рок, бидејќи клубот веќе се засили со Витиња и Уго Екитике.
Трансферот на Мукиеле веројатно ќе значи заминување на Оерсел Кимпембе од ПСЖ.