Top Sport

Мултинационална група хулигани го предизвикала хаосот во Атина

Европската јавност е шокирана од синоќешните случувања во Атина. Во населбата Нова Филаделфија, хулиганите на Динамо Загреб (Бед Блу Бојс), вооружени со палки, секири, камења и молотови коктели предизвикаа хаос. Смртно настрада еден навивач на АЕК.

Грчките медиуми откриваат дека хулиганите од Загреб (помеѓу 150 и 200), со автомобили во Грција влегле преку Албанија. Во Атина добиле помош од хулиганите на Панатинаикос, со кој се збратимени. Според овие извори, хулиганите на Панатинаикос им го обезбедиле оружјето и им помогнале да се движат низ Атина.

Грчката полиција соопшти дека 98 хулигани биле уапсени по тепачката во Атина во понеделникот вечерта во која загина 29. годишен приврзаник на АЕК.

Медумите пишуваат дека тројца Грци и пет Хрвати се хоспитализирани, а меѓу оние кои се во болница е и 17. годишник кој се бори за живот по тешките повреди на главата кои ги добил откако бил погоден со камен.

Грчката полиција посочи дека за се се виновни хулиганите од Загреб кои дошле во Атина и покрај забраната, но посочиле и дека групата напаѓачи и тие што ги предизвикале нередите била всушност мултинационална. Меѓу уапсените има 87 Хрвати, петмина Грци и по еден државјанин на Австрија, Босна и Херцеговина, Албанија и Германија.

Сите 96 уапсени се обвинети за непочитување на законот за спорт, а некои од нив ќе одговараат и за посериозни дела со оглед на тоа што инцидентот заврши со убиство.

Поради се она што се случи во Атина УЕФА го одложи натпреварот АЕК-Динамо Загреб.

Scroll to Top