Top Sport

Иниеста се сели во Обеднетите Арапски Емирати

Андрес Иниеста нема намера да се пензионира. Легендарниот шпански фудбалер потпиша договор со ФК Емирати.

Станува збор за клуб кој минатата сезона избори пласман од втората во првата лига, па следната сезона која започнува на 18. август ќе се натпреварува во елитниот ранг во шампионатот на Обединетите Арапски Емирати.

Поранешниот играч на Барселона, кој оваа година наполни 39 години, потпиша договор со новиот клуб до крајот на сезоната.

По објавата дека ќе го напушти јапонскиот Висел Кобе, медиумите шпекулираа дека Иниеста ќе му се приклучи на Лионел Меси во Интер од Мајами.

Иниеста е еден од најдобрите играчи за врска во својата генерација и шпански херој. Со неговиот гол во 118.минута Шпанија во 2010 година стана светски првак.

Scroll to Top