Top Sport

Мундијалот во 2026 година ќе се игра во 16 градови

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе биде посебно. Првпат ќе се одржи во три држави и по првпат ќе настапат 48 репрезентации. Домаќини на првенството се САД, Мексико и Канада.

ФИФА денеска ги потврди градовите домаќини на споменатото Светско првенство.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во 16 градови, 11 во САД, три во Мексико и два во Канада.

Градови домаќини се: Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл во САД, Гвадалахара, Мексико сити, Монтереј во Мексико, односно Торонто и Ванкувер во Канада.

 

Scroll to Top