Top Sport

Мундијалот во 2030 година ќе трае 45 дена?

СП во 2030 година веројатно ќе се игра во шест држави. Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на три од 104 натпревари на турнирот. Првите три натпревари ќе се одиграат во Јужна Америка по повод одбележувањето на стогодишнината од првото Светско првенство на ФИФА, одржано во 1930 година во Уругвај.

Главни домаќини би биле Мароко, Шпанија и Португалија и таму би се играле сите преостанати натпревари од турнирот. Овој интерконтинентален формат треба да биде потврден или отфрлен до крајот на 2024 година. Освен настап на три континенти, специфична би била и должината на турнирот.

Првите натпревари во Јужна Америка би се одиграле на 8 или 9 јуни, а финалето кое најверојатно би се играло на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид дури на 21 јули.

Ова значи дека Мундијалот би траел 45 дена. За споредба, Светското првенство во Катар траеше 28 дена.

Scroll to Top