Top Sport

Мундијалот започнува за Шведска, Белгија, Англија, Кореја, Тунис и Панама

Три натпревари ќе се одиграа денес на 21.Светско првенство во фудбал. На програмата се еден натпревар во Ф-групата и двата натпревари во Г-групата.

Прогграмата на фудбалскиот мундијал ќе започне од Нижни Новгород. Во 14 часот на теренот ќе истрчаат репрезентациите на Јужна Кореја и Шведска. Дуелот ќе го суди Жоел Аголар од Салвадор.

Инаку, вчера, во првиот натпревар од групата се случи најголемото изненадување од почетокот на првенството, Мексико славеше над актуелниот првак Германија.

Фаворитот во Г-групата Белгија за противник ќе го има дебитантот на светските првенства Панама. Белгија и Панама својот натпревар ќе го започнат од 17 часот на стадионот во олимпискиот град Сочи.

foto: epa

Денешната програма ќе биде комплетирана на стадионот во Волгоград каде својот натпревар ќе го одиграат селекциите на Тунис и Аглија. Натпреварот ќе стартува во 20 часот.

Scroll to Top