Менаџерот на Фулам, Славиша Јокановиќ, би можел да се врати во Шпанија, пишува во понеделникот „Мундо депортиво“.
Челниците на Еспањол се незадоволни од резултатите што Кико Санчез Флорес ги постигнува со клубот и сакаат на неговото место да го донесат Јокановиќ. Еспањол по 16 натпревари се наоѓа на 16. место во Ла Лига.
Интересно, Кике Санчез Флорес пред две сезони го наследи токму Јокановиќ на клупата на Вотфорд, и тоа кога српскиот тренер избори пласман во Премиер лигата.
Јаконовиќ како играч имаше успешна кариера во Овиедо, Тенерифе, Ла Коруња и Мурсија, а како тренер пред три и пол години го предводеше Еркулес.