Top Sport

Мундо Депортиво: УЕФА им плати на англиските клубови да ја урнат Суперлигата

Проектот европска Суперлига, доживеа колапс, откако доцна синоќа, англиските клубови (Челси, Тотенхем, Арсена, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити), потврдија дека го напуштаат ова натпреварување.

Англиските клубови, на своите официјални страници, со куси соопштенија, објавија дека ја започнале постапката за повлекување од Суперлигата. Забележливо е дека ниту еден клуб не ја наведува вистинската причина зошто се повлекува. Сите потенцираат дека попуштиле под притисок на навивачите, јавноста и Владата.

„Мундо Депортиво“, ја објави можната причина за повлекувањето на клубовите од Премиерлигата.

„Овие шест клуба и зададоа критичен, но не и конечен удар на Суперлигата. Преостанатите клубови и понатаму стојат зад овој проект, додека англиските клубови попуштија под притисок на навивачите и јавноста. Но тоа не е единствената причина. Според нашите информации, во одлуката да се повлечат клучна е улогата на УЕФА. Не се повлекоа поради заканите од УЕФА, туку поради тоа што УЕФА им понудила многу пари за да ја напуштет Суперлигата. Отсуството на врвните англиски клубови би претставувал голем финансиски удар за УЕФА. Шпанските клубови не добија таква понуда бидејќи нив, а особено Флорентино Перез, УЕФА го посочува како главни непријатели“, пишува „Мундо Депортиво“ и додава.

„Реал и Барселона веруваат дека Суперлигата ќе ги спаси од финансиски колапс. Тие веруваат дека сепак ќе успеат да ги убедат англиските клубови да им се приклучат“.

Scroll to Top